Почитувани корисници, Ве замолуваме податоците на вашиот профил да бидат постајано ажурирани.
logo_server_04
+389 76 361 654
info@server.com.mk
hostikonavbannerimg2
hostikhovpsbanner

Политика за откажување и враќање на средства

Refund & cancellation policy

REFUND & CANCELLATION POLICY

(Политика за откажување и враќање на средства)

Важи од: 01.03.2026
Верзија: 1.0

Оваа Политика претставува составен дел од Terms of Service на АЛСА НЕТ ДООЕЛ („Компанијата“).

  1. ОПШТ ПРИНЦИП

Сите услуги на Компанијата се обезбедуваат врз претплатничка основа и се сметаат за дигитални услуги што започнуваат со испорака веднаш по активација.

Со нарачка и плаќање, Клиентот се согласува дека услугата може да биде активирана веднаш.

  1. ОТКАЖУВАЊЕ НА УСЛУГА

Клиентот може да ја откаже услугата во секое време преку клиент порталот.

Откажувањето:

  • стапува во сила по истек на тековниот платен период
  • не создава право на автоматски поврат на средства за веќе активиран период
  1. АВТОМАТСКА ОБНОВА

Доколку услугата има активирана автоматска обнова:

  • фактурата се издава пред истекот
  • клиентот е должен навремено да ја откаже услугата доколку не сака обнова

Неподнесување барање за откажување пред доспевање се смета за согласност за обнова.

  1. ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА СРЕДСТВА

4.1 Shared Hosting

Компанијата не обезбедува гаранција за враќање на средства освен ако не е изречно наведено во промотивна понуда.

4.2 VPS / Cloud

Поради природата на инфраструктурните услуги, не се одобрува поврат на средства по активација.

4.3 Domain Registration

Регистрација, обнова и transfer на домени:

  • не се refundable
  • не може да се откажат по извршена регистрација

Ова важи и за .mk/.мкд и gTLD домени.

  1. ДЕЛУМНО КОРИСТЕНИ ПЕРИОДИ

Не се одобрува пропорционален поврат на средства за делумно искористен период, освен ако не постои законска обврска.

  1. CHARGEBACK И СПОРОВИ

Во случај на:

  • неоснован chargeback
  • спор преку платежна институција

Компанијата го задржува правото да:

  • суспендира сите активни услуги
  • наплати административни трошоци
  • одбие идни нарачки
  1. ИСКЛУЧОЦИ

Не се одобрува поврат на средства за:

  • злоупотреба или прекршување на AUP
  • суспензија поради неплаќање
  • прекршување на договор
  • услуги активирани по индивидуална конфигурација
  1. ПРЕСТАНОК ПО ИНИЦИЈАТИВА НА КОМПАНИЈАТА

Доколку услугата е раскината поради прекршување на Условите:

  • не се одобрува поврат на средства

Доколку раскинот е поради техничка неможност од страна на Компанијата:

  • може да се одобри пропорционален поврат по сопствена проценка.
  1. ЗАКОНСКИ ПРАВА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Ништо во оваа Политика не ги ограничува задолжителните права на потрошувачите согласно важечките закони на Република Северна Македонија.

  1. ИЗМЕНИ

Компанијата го задржува правото да ја измени оваа Политика со претходно објавување.